Рожер Федерер и Хуан Мартин Дел Потро денеска ќе се борат за титулата на турнирот во Базел кој е од АТП Мастерс серијата 500
Во полуфиналните дуели кои ги одиграа денеска, Аргентинецот беше подобар од Франзуцинот Едуард Рожер Васелин во три сета (6:4, 4:6, 6:2), додека на „Федекс“ исто така му беа потребни сета (6:3, 6:7, 7:5) за на крајот да се справи со одличнит денеска Васек Поспишил од Канада.
Швајцарецот ќе се обиде да ја врати титулата од родниот град во свои раце, каде минатата година во финалето беше поразен токму од Хуан Мартин Дел Потро со 2:1 во сетови. Федерер и Дел Потро ќе го одиграат својот осумнаесетти меѓусебен дуел, а во досегашните седумнаесет Швајцарецот славел дури на четиринаесет од нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.