Роџер Федерер открива ситни пикантерии и рутини од кариерата, но и за тоа каде се гледа по тениското пензионирање. Швајцарскиот тениски маестро во разговор за „Венити Фер“ изнесе и гастрономски навики од кои долги години не се откажува.
– Сакам италијански, индиски и јапонски ресторани, а преку зима обожувам фонду, т.е., топено сирење и рацлет што е едно од најпознатите швајцарски јадења. Два часа пред секој меч јадам чинија со тестенини и ова не го говорам бидејќи сега сум дел од кампања за паста. Тоа го правам веќе 20 години – порача Швајцарецот и нагласи дека таквата навика што ја има е причина да почне со промоција на тестенини.
Федерер лани имаше фантастична сезона, а во ист стил ја почна и оваа. Според квалитетот на партиите што ги прикажува, се чини, дека не се наѕира крај иако има 36 години. Но, еден ден, сепак, е свесен дека ќе дојде, а по него посакува да остане во сферата во која ја стекна сета слава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.