Единствениот саботен натпревар од 12. коло во македонската Прва фудбалска лига, градската пресметка помеѓу екипите на Работнички и Металург, заврши без победник.
Гостинот дојде во водство со погодокот на Љамчевски кој успешно го изведе ударот од белата точка, а конечните 1:1 во 82 минута ги постави Имери.
Утре на програмата се останатите натпревари од 12.коло, а се среќаваат: Брегалница – Гостивар, Турново – Шкендија, Ренова – Напредок, Еуромилк – Пелистер, Македонија ЃП – Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.