За разлика од порано кога по средбите правеше цели прес конференции само за грчките медиуми, синоќа Василакис со куса изјава – претставникот на Скопје ги повтори позициите на неговата земја, јавува дописникот на Канал5 од Грција.
Дури ниту оваа куса реченица не најде место во сите грчки медиуми. Официјална Атина и натаму ги бутка црвените линии и наводната потреба Македонија да го смени Уставот.
Претставникот на Скопје ги повтори познатите позиции на неговата земја – изјавил грчкиот преговарач Василакис за новинската агенција АПЕ, веднаш по средбата со Нимиц и Јолевски. Ова е и единствената информација од грчките медиуми. Без анализи и коментари, технички, ја проследија новата рунда разговори во Њујорк.
Кусо пред почетокот на разговорите, во Грција немаше интерес, ниту пак оптимизам дека можеби овој пат медијаторот ќе успее да направи некакво приближување на позициите на двете земји. Мислењето во новинарските кругови е дека двете земји имаат дијаметрално спротивни позиции и во овој момент сме многу далеку од решение. Додека пак новата средба на преговарачите со медијаторот, беше протолкувана како нов обид од Нимиц, да докаже дека процесот е жив, особено пред декемврискиот совет на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.