| четврток, 6 декември 2018 |

Ерхард Бусек: Медиумите од регионот да притиснат за името

busek

Медиумите од регионот да извршат притисок за решавање на проблемот околу спорот со името помеѓу Македонија и Грција, е предлогот на екс координаторот на Пактот за стабилност, Ерхард Бусек, јави Нова.

– Медиумите треба да направат притисок за решавање на спорот со името помеѓу Македонија и Грција. Треба да се притиснат нашите европски колеги, Грците, да бидат пофлексибилни кога е во прашање решавањето на овој спор. Во исто време, треба да се знае дека реакциите кои доаѓаат од Македонија не се добри. Јас ги разбирам Македонците и нивниот проблем околу името, но тоа не се решава преку историски фрустрации – рекол Едвард Бусек.

Бусек очекува регионот на Западен Балкан набрзо да биде дел од Унијата, иако, како што нагласува, „Западен Балкан“ е термин кој не значи ништо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top