| четврток, 6 декември 2018 |

Голиот човек има уште многу да каже… (видео)

igor dzambazov05

Сум делегат во Кукуречани против „светлост“ – вели Игор Џамбазов во интервју за Еден на Еден, шоу кое ќе се емитувам утре, недела во 19.40h на тв Алфа.

Игор зборува за тоа како некој мистериозен човек е виновен за неговото сегашно постоење на сцената. Во видеото Џамбазов признава дека да не бил истиот, Игор сега би живеел како обичен работник во Виена, Австрија. Кој е македонецот што го вратил Игор од Виена за денеска да е најголемата домашна ѕвезда, дознаваме во недела, во Еден на Еден. Понатаму, Игор ќе открие интересни детали за турнеите со Игор енд френдс, кога времето било полиберално и групата можела да настапува со завидна количина забранети супстанци во нив, за моментите кога заедно со Бранко Ѓорчев требало да бидат избркани од академијата на драмски уметности, за неговото разочарување од националниот сервис и неспособноста да се организира ЏИШ на начин каков тој го замислил, а специјално појавување ќе има и Сељакот, популарниот непријател на Игор…
Во продолжение на шоуто свое гостување ќе има и менталистот/магионичар Душан Петровски, кој ќе изведе неколку неверојатни трикови и ќе открие како можете истите да ги направите и вие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top