| четврток, 6 декември 2018 |

Видео: Го уапсија Емелианенко, човекот што требаше да се бори против Мирко Филиповиќ

Судирот меѓу Мирко Филиповиќ е Александар Емелианенко беше долгоочекувана тешкашка ММА борба, но се' падна во вода по инцидентот во еден бар во Москва

Емелианенко испрати во болница еден гостин, а полицијата најави кривична пријава. Според тоа, на Легенд 2 спектаклот, кој ќе се одржи на 9-ти декември во Москва, нема да биде Емелианенко помладиот, а останува да се види дали Хрватот ќе прифати борба со неговата замена.
Во продолжение погледнете како помладиот брат на попознатиот Федор Емелианенко заврши во полициско возило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top