
Даноците треба сите да ги плаќаат, а партиите реагираат за одредени региони каде очигледно постојат одредени бизнис интереси на партиите, реагира Управата за јавни приходи (УЈП) на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов дека УЈП „удри“ на малите дуќанчиња кои не можат да ги платат огромните казни во Битола, Крушево, Крива Паланка и другите градови.
Даноците треба сите да ги плаќаат, а партиите реагираат за одредени региони каде очигледно постојат одредени бизнис интереси на партиите, реагира Управата за јавни приходи (УЈП) на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов дека УЈП „удри“ на малите дуќанчиња кои не можат да ги платат огромните казни во Битола, Крушево, Крива Паланка и другите градови.
„Политичките изјави насочени против професионалната работа на даночниците во изминатиот период резултираа со јакнење на фискалната недисциплина и физички напади врз даночните службеници, како што беа и последните примери во Виница, Тетово и Куманово“ се вели во соопштението на УЈП.
Оттаму потсетуваат дека УЈП навремено ги најавува контролите и оваа пракса се спроведува од 2006 година.
„И покрај спроведувањето на контроли во сите градови и села во Македонија, кое што беше најавено од страна на Управата за јавни приходи, изјавите и реакциите на одредени политички партии за селективност во работењето на УЈП укажуваат на заинтересираност за само одреден регион или град каде очигледно постојат одредени бизнис интереси, токму на политичките партии“ пишува во соопштението на УЈП.
Тие очекуваат сите партии да ја поддржат фискалната дисциплина без да се дава акцент на етничката или политичката припадност.
На прес-конференцијата на Шилегов реагираше и владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ од каде што велат дека во Македонија има 54 илјади регистрирани субјекти кои што имаат фискални каси и нивна обврска е да ги почитуваат законите и да издаваат фискални сметки.
„Неколкуте примери кои што СДСМ ги наброја во Битола, Крушево, Кавадарци или во било кој друг град не ги почитувале законските одредби. Има такви примери сега, имало и пред 10 години и ќе има наредните 10 години.Инспекции има и во Македонија, и во Хрватска, и во Германија, и во Белгија, и во Америка и во сите држави. Неплаќањето на данок и непочитувањето на законите не и штети само на државата, колку што им штети на другите субјекти кои што си ги плаќаат даноците и ги почитуваат обврските. Со таквите постапки се создава нелојална конкуренција“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, со ставањето на СДСМ во улогата на адвокат на оние кои што не ги почитувале законите е класична политичка злоупотреба
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок


