
Министерот за здравство Никола Тодоров денеска најави нови вработувања на специјалисти и друг медицински кадар со што ќе се комплетираат одделенијата на Општа болница во Кочани. Министерот при посетата на болницата ги предаде во употреба реконструираните парни котли и горичници за парно греење, инвестиција на Министерството за здравство во износ од 6,5 милиони денари.
– Завршена е сертификацијата на Општата болоница во Кочани, вработени се двајца специјалисти, еден пнеуматолог и еден биохемичар, со што се создадени услови за отворање на одделенитео за АТД и Рентгенот кои повеќе од пет години не работеа, истакна министерот Тодоров, по посетата на Општата болница и Здравствениот дом во Кочани.
Одговарајќи на новинарски прашања министерот за здравство рече дека за бањата во кочанското село Бање пропаднал првиот оглас и оти е во тек распишување на нов. Во меѓувреме се води спорот за приватизација на земјишетето и кога ќе биде завршен тој процес ќе бидат јасни работите со геотермалната бања во село Бање, Кочанско.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


