
Координаторот на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар Томислав Лазаров соопшти дека советниците на партијата гласале за програмите на трите детски градинки и едното основно училиште во општината, со што покажале дека се конструктивна опозиција.
– Со ова гласање покажавме дека секојпат ќе ги поддржуваме одлуките на Советот, кога се работи за проекти и работи во интерес на граѓаните на Општина Центар. Жалиме што СДСМ водени од дневна политика непотребно два дена ја одложуваше оваа одлука и на тој начин создава дополнителни трошоци кои паѓаат на грбот на граѓаните. Токму оваа седница на Советот на Општина Центар покажа дека СДСМ е тој кој ја блокира Општина Центар. Тие иницираат седници, а потоа ги опструираат само поради ситно политиканство. Нашата поддршка покажа дека ние нема ниту сега ниту во иднина да работиме против интересите на граѓаните. Ние ќе продолжиме да бидеме конструктивна опозиција која ќе го корегира мнозинството и ќе работи за потребите на граѓаните. Нема да дозволиме Општина Центар да се злоупотребува за партиски цели и за себереклама на Андреј Жерновски и СДСМ, изјави Лазаров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


