
СДСМ спротивно на залагањата за поголема независнот во медиумите врши нивно политичко корумпирање, пишува Нетпрес.
За тоа говори примерот во ОО на СДСМ во Струмица каде што за член на општинската организација е поставен Миле Милановиќ, управител на регионалната телевизија „Вис“ од Струмица.
-Опозициската СДСМ во изминатите години постојано говореше дека е неопходно медиумите да се тргнат на страна од политичките партии, но во една од општините во кои токму оваа партија е на власт го применува спротивното. Според познавачите, ова значи дека управителот на ТВ „Вис“, Миле Милановиќ, добил висока партиска функција во СДСМ поради претходна лична и професионална соработка со СДСМ, а од друга страна СДСМ под своја капа осигурал силна регионална телевизија, пишува Нетпрес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


