
Една од претпоставките за раскинувањето на љубовната врска на српската тенисерка Ана Ивановиќ е дека нејзиното момче на секој начин се обидувало да испорача на медиумите информации дека се заедно.
Кошаркарот Иван Пауниќ, кој стана популарен токму поради врската со Ивановиќ одбил да даде изјава за кратката љубовна авантура со познатата тенисерка.

Според таблоидот Ало, кошаркарот поседувал и интимни фотографии од убавата тенисерка, поради што Ана била исплашена тие фотографии да стигнат во јавноста, со што би се нарушил нејзиниот углед и ќе има големи последици по нејзината кариера, особено на бројните договори со спонзорите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


