| четврток, 6 декември 2018 |

Антифашистите од Македонија први на погребот на Јованка Броз

POŠTOVAOCI JOVANKE BROZ

Со почесна стража од Гардата на војската на Србија денеска во Куќата на цвеќето во Белград ќе биде погребана вдовицата на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито. На погребот на Јованка Броз се очекува да присуствува и српскиот премиер Ивица Дачиќ, странски делегации, дипломатски претставници, многу медиуми, како и луѓе од земјите од поранешна Југославија.

jovanka pogreb

Како што пишува српски Блиц, утрово веќе биле собрани повеќе од 200 луѓе пред Куќата на цвеќето, а меѓу првите кои пристигнале биле антифашистите од Македонија.

Јованка Броз беше потполковник во ЈНА и носител на партизанска споменица од 1941 година, поради што погребот ќе биде извршен со сите воени почести.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top