
Србија ќе упати најостар демарш до Турција поради изјавата на премиерот Реџеп Таир Ердоган дека „Косово е Труција“, соопшти српската влада.
Изјавата на Ердоган дадена во Приштина, српската влада ја оцени како грубо кршење на меѓународното право и мешање во внатрешните работи на Србија и одлучи да бара објаснување за постапката. Во демаршот пишува дека таквата изјава директно им штети на односите меѓу Анкара и Белград и ги попречуваат настојувањата на Србија да се нормализира состојбата во регионот и на Косово.
– Србија ја почитува големината на Турција и сака добри односи, но нема да дозволи понижување, соопштува српската влада која очекува остра реакција од сите земји во Европската унија.
Според премиерот на Србија Ивица Дачиќ, изјавата е директна провокација упатена кон Србија.
– Такво нешто не може да се случи во модерна Европа. Можеби во некои други системи, но што се однесува до Србија, тоа не е невозможно, изјави Дачиќ, иронично прашувајќи дали Ердоган го фаворизира Хашим Тачи на претстојните избори во Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат


