Легендарниот селектор на македонската фудбалска репрезентација која пред 20 годин го одигра првиот пријателски натпревар против репрезентацијата на Словенија Андон Дончевски пристигна во Скопје по повод одбележување на дваесет годишнината од историскиот натпревар. По тој повод во понеделник во 14.30 часот на централниот терен во комплексот „Куќа на фудбалот“ во Ново Лисиче во Скопје ќе се одигра натправар меѓу првите репрезентативци на Македонија и селекција составена од фудбалски ветерани.
Досега присуството го потврдиле првите ѕвезди од составот на тогашната репрезентација. Без размислување Панчев, Најдовски, Бабунски, Мицевски, Бошковски прифатиле да се појават на теренот, додека за Јаневски и Канатларовски е неизвесно доаѓањето поради тренерските обврски кои ги имаат во Белгија односно Србија. На овој состав ќе му се спротистават играчи ветерани кои потекнуваат од Македонија кои играле во првата Македонска фудбалска лига или во лигите во странство. Таа екипа ќе ја предводи Васил Рингов, а во неа ќе бидат Тони Мицевски, Митко Стојковски, Ѓорѓи Христов, Игор Ангеловски, Јовче Џипунов, Саша Ќириќ.
Од ФФМ информираат дека по мечот ќе организираат свеченост во просториите во комплексот „Куќа на фудбалот“ додека дел од присутните ќе добијат фудбалски топки и дресови потпишани од членовите на првата фудбалска репрезентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“