| четврток, 6 декември 2018 |

Струмица подобра од Пелистер

grncarov toni

Во првиот натправар од третото коло од првата Македонска кошаркарска лига екипата на Струмица на домашен паркет го победи тимот на Пелистер со 72-66 (22-10,17-16,20-20,13-20).
Со оваа победа Струмица ја запиша втората победа, додека пак екипата на Пелистер остана закована на дното од табелата со третиот пораз во три кола. Најзаслужен за втората победа на Струмица е големото засилување поранешниот капитен на МЗТ Тони Грнчаров со 28 поени надополнети со седум скока и пет асистенции.
Одлучувачката предност домашната екипа ја направи уште во првата четвртина која беше клучна за до крајот на мечот.
Кај поразената екипа се истакнаа Калањ со 20 поени и Штурановиќ со 14.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top