| четврток, 6 декември 2018 |

Чилиќ се враќа на тениските терени, суспензијата му е намалена од 9 на 4 месеци

Марин Чилиќ ќе има право да игра на тениските турнири од понеделник откако Арбитражниот суд за спорт (CAS) му ја намали суспензијата од 9 на 4 месеци. Меѓународната тениска федерација го казни Чилиќ поради позитивен допинг-тест, но тенисерот од Хрватска се жалеше во Лозана и доби делумно помилување.

Прв турнир на кој ќе настапи Марин по казната е мастерсот во Париз, во „Берси“, од 28 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top