Благоја Гешоски и Јанаќе Витановски, членови на Комисијата за верификација на факти, предложени од опозициската партија СДСМ поднесоа оставки на нивните позиции.
Гешоски и Витановси oставките ги доставиле денска во архивата на Собранието, откако пред три недели јавно изјавија дека ќе се повлечат од работењето во комисијата за лустрација.
На крајот на минатата година претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бранко Црвенковски, побара од членовите во Комисијата за верификација на факти предложени од СДСМ да не учествуваат во работата на Комисијата. Oставка не поднесе членот на Комисија Чедомир Дамјановски, предложен од опозицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


