| четврток, 6 декември 2018 |

Јованка Броз била присилена да ја прекине бременоста

Љубинка (лево) со мајка и Дмитра (десно) и тетка и Јованка Броз (во средина)

Љубинка (лево) со мајка и Дмитра (десно) и тетка и Јованка Броз (во средина)

Јованка Броз многу сакала деца и тагувала што нема свој пород. Но, не по своја вина. Првата дама на тогашна Југославија забременила од Тито, но била присилена да ја прекине бременоста! – раскажува за „Вечер„ скопјанката Љубинка Крстева, внука на Јованка Броз по мајка од семејството Свилар. Мајка ѝ на Љубинка, Дмитра е прва братучетка на Јованка, мајките им се сестри.

Љубинка раскажува дека Јованка била во контакт со роднините во Белград, со вујкото во чијшто дом се собирало целото семејство и со тетка Јелена – сестрата на мајка ѝ на Јованка. Нејзе најмногу ѝ се доверувала. Тетка Јелена имала дозвола да оди и на Дедиње и таа редовно ја посетувала. Некогаш по посетите ќе им се јавела во Скопје за да им пренесе поздрави.

Љубинка раскажува дека во семејството како анегдота се раскажувала мажачката на Јованка со Тито. Јованка пред тоа имала момче – убаво, згодно, учено. Меѓутоа, по прекомандата, доаѓа во штабот на Тито и се мажи за него, па кога ѝ јавила на баба Милица оваа почнала да кука: Леле, мојата Јованка ли да се омажи за стар човек, а имаше убаво младо момче!. И тоа така си остана, сите се смеевме: Јованка се омажи за стар, оти Тито, навистина, беше постар од неа 30 години.

Љубинка вели дека лично ја прашала Јованка дали пишува мемоари, на што таа ѝ одговорила потврдно, но ѝ потврдила и дека сите нејзини забелешки се на сигурно.

Целиот текст прочитајте го во „Вечер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top