Еден од содружниците во кочанска фирма си пазарел со дебитна картичка фирмата, но за себе, а не за потребите на команијата. Направил долг од цели 27.000 евра.
ПС Кочани поднесе кривична пријава против В.Ј.(40) од Кочани, содружник во ИГМ „Градба“ ДОО Кочани за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од ноември 2012 до октомври 2013 година, пријавениот со бизнис дебитна картичка која му била дадена на користење и располагање за потребите на друштвото, истиот ја користел за свои лични потреби, односно купувал разновидна стока за себе а подигал и готовина од банкомати. На овој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.642.944 денари на штета на друштвото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.