| четврток, 6 декември 2018 |

Машка диета со пиво и колбаси

Не грижете се, нема да почнеме да ви делиме совети како брзо да загубите некој килограм, туку напротив ќе можете да чуете една приказна за маж од Аризона, кој се вика Ево Теро, кој наводно загубил шест килограми од јадење само колбаси и пиејќи само пиво.

Оваа чудна диета, која се состои од два колбаса и шест пива дневно, најверојатно функционира поради бројот на калории кој е многу мал, па така Теро ги троши маснотиите од телото.

Теро оваа диета ја открил пред три години, а ја користи секој октомври за да загуби некој килограм. Теро редовно оди на прегледи кај неговиот лекар кој засега има само добри вести.

– Висината на холестеролот му е паднат за третина, црниот дроб и крвната слика му се во добра состојба. Доколку забележиме дека оваа диета оди на лошо, веднаш ќе му забраниме да ја користи – вели неговиот доктор.

Единствената лоша работа на диетата е тоа што не смее да вози автомобил поради тоа што константно е под дејство на алкохол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top