| четврток, 6 декември 2018 |

„Ова се идиоти“ – Еди Рама за нападите од Албанци кон Ердоган

rama-erdogan-thaciОвие се идиоти. Турција е членка на НАТО. Турскиот премиер е поддржувач на Албанците, има направено и продолжува да прави за Косово. Турскиот премиер и денес лобира за нови признавања на Косово, изјави албанскиот премиер Еди Рама по низата напади заради изјавата на турскиот премиер Ердоган дадена во Призрен дека „Турција е Косово, а Косово е Турција

Дел од аналитичарите во Косово и Албанија бурно реагираа на таа изјава. Тие ја сметаат како „територијална претензија“, но и негирање на албанската нација. Косовскиот католички епископ Ѓерѓ Дода вели дека Ердоган покажал територијални претензии кон Косово. Независната пратеничка Алма Лама смета дека е недозволиво што Ердоган доаѓа во време на предизборна кампања како помош на власта.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top