Хрватскиот репрезентативец и член на московски Локомотив, Ведран Чорлука, на руските медиуми им откри што чувствува за Велшанецот Герет Бејл.
Велшанецот од Саутемптон дојде во Тотенхем во 2007 година, додека, пак, Чорлука за тимот играше од 2008 до 2012 година, така што долго време ја делеа гардеробата.
– Пред две години Бејл беше сосема нормален фудбалер, поточно обичен. Од еднаш експлодира. Неговиот физички скок беше неверојатен. Стана незапирлив фудбалер – вели Чорлука.
– На почетокот Бејл седеше на клупа поради мојот сонародник Нико Крањчар, кој даваше голови, асистираше. Но, откако се појави Велшанецот во првиот тим поради напредокот, веќе никој не можеше да го замени – додаде Чорлука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.