| четврток, 6 декември 2018 |

Љупка Наскова-Љубисављевиќ: Дуле криеше од мене дека е болен од рак

dule

За да ја заштити од грижа и тага, Душан Љубисављевиќ-Дуле криел од сопругата Љупка дека е болен од рак на дебелото црево, пишува Вест. Како што раскажува Љупка, Дуле за болеста дознал само неколку дена пред да почине.

– Со Дуле бевме да даде крв, во средата, на 18 септември, а почина на 23 септември, во понеделникот. Правеше тумор-тестови. Прво не сакаа да му ги направат, немаше сини картони, и до петокот некако средил да дојде до резултатот, со кој открил дека има канцер на дебелото црево. Мене ништо не ми кажа. Им спомнал на неколку пријатели, кои ме известија по неговата смрт. Сите биле предупредени дека не смеат да ми кажат, ги преколнувал. Не можел да ме гледа како се нервирам. Тие денови плачеше нонстоп. Ќе го прашав: „Погледни ме в очи и кажи ми што размислуваш“, а тој ќе ме погледнеше и велеше: „Плачам од среќа, многу сум среќен со тебе и со Илијана. Ова ми е најубавиот дел од мојот живот. Првпат почувствував што е семејство“ – раскажува Љупка за последните денови од заедничкиот живот со Дуле, кој на Клиниката за токсикологија во Скопје, со висока температура, беше примен доцна вечерта на 21 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top