Таткото на Дуле, Раде Љубисавлевиќ вели дека малку фалело да ја удри сопругата на Дуле, Љупка која од раце ѝ го грабнала признанието на сестрата на Пејачот, Марија, кое и го додели општина Штип, пишува Вест.
-Прво, сопругата на Дуле непокането дојде на пригодната седница на Штипскиот совет. Покана од Општината имав само јас, но решив признанието да го прими неговата сестра, која многу го сакаше и го почитуваше Дуле. Дуле, исто така, најмногу од сите ја сакаше Марија. Кога видов дека сопругата ѝ го зема признанието ми идеше да ја треснам. Уште во ушите ми ѕуни нејзиниот одговор по телефон кога Дуле беше болен. И реков да оди да ги земе резултатите од болница, а таа арогантно ми одговори, „Јас не одам, тој нека си ги земе“, револтирано и со насолзени очи раскажува таткото на Дуле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.