| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Косово е Турција – Турција е Косово!

Премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган, на собир во Призрен истакна дека Косово е неговиот втор дом. Оваа изјава Ердоган ја даде на собир на кој присуствуваше и Хашим Тачи кој потсети дека токму  Турција е првата држава која ја призна независноста на Косово, како и Еди Рама кој изјави дека граѓаните на Косово, Албанија и Турција, Албанците и Турците, се братски народ.

-Немојте да заборавите  дека Турција е Косово и Косово е Турција, ние сме толку блиски што и авторот на турската химна, Мехмет Акиф Ерсој е од Косово, рече Ердоган.

Инаку, во Косово турскиот премиер пристигна со владина делегација, и потенцираше дека Косово е неговиот втор дом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top