По речиси 4 години надвор од НБА, поранешниот број 1 на драфтот, Грег Оден, повторно се појави на теренот во претсезонскиот натпревар меѓу Мајами хит и Њу Орлеанс хорнетс, на кој го постигна и првиот кош по долгата пауза.
Центарот првпат по декември 2009 година се најде на паркетот, а веќе во првиот напад акцијата на Мајами ја заврши со забивање. Во својата прва минута на теренот Оден веќе имаше два поени и два скока, а неговиот камбек траеше точно три минути и 59 секунди пред повторно да се врати на клупата.
– За мене е успех дека сѐ мина добро и го напуштив теренот здрав. Не е важно дали сум бил во игра една или две минути. Мојот сон е да играм кошарка, а мојата следна цел е да запишам учество во наредниот дуел и повторно сѐ да биде во ред – прокоментира Оден по натпреварот.
Некогашниот прв пик на драфтот досега во кариерата има вкупно 82 настапи во НБА- лигата, во кои како член на Портланд успеа да забележи 9,4 поени, 7,3 скокови и 1,4 блокади. Сепак, проблемите со колената го мачеа од самиот старт, па така тој никогаш во целост не го реализираше својот потенцијал.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Y9_fzudAak4
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


