Пратеничката група на СДСМ и коалициските партнери поставија три барања – прво без одложување да се организира детална надзорна расправа за нарушување на пресумпцијата на невиноста, злоупотребата на притворот и загрозување на правото на изразување и на медиумската слобода.
– Ќе побараме и голем број сведоци и одговори, пред сè Никола Груевски, РСС, министерот за правда и неговиот заменик, евроамбасадорот – Аиво Орав, новинарите … – изјави денеска Игор Ивановски, пратеник од СДСМ.
Второто барање е во Анкетната комисија за заштита на слобода и права на граѓанинот да се оддржи посебна седница за вчерашното полициско оневозможување на уставно загарантираното право за протест и слобода на изразување. Третиот предлог е одлука за разрешување на Трајко Вељановски од функцијата претседател на Собранието.
-Еве ги причините што ги наведе Ивановски:
Последниот партиско-полициски упад во Општина Центар, преку апсењето на Шиповиќ и блокадата на Советот на Општината, монструозната казна за новинарот Кежаровски поради два новинарски текста и полициското спречување на новинарскиот протест, се само последните манифестации на партиско-полициската држава водена од ВМРО-ДПМНЕ.
На 17.10. ПГ на СДСМ и НСДП, во согласност со членот 185, став 1 од Деловникот на СРМ поднесоа, цитирам „Информација за активностите на Владата и на владините органи на Република Македонија за погазување на уставното начело на пресумпција на невиност и злоупотреба на притворот, како резултат на што Република Македонија станува држава на политички прогон и политички затвореници“.
Тоа е право на опозицијата, на секоја втора седница да достави своја, автентична точка на дневен ред. Каква ќе биде таа, е само наше право.
Продолжувајќи послушно да ги спроведува исклучително во партиските директиви на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељановски, четири дена по поднесувањето на информацијата, одбива да ја стави на дневен ред на наредните седници, со скандалозно образложение со кое бара да го смениме насловот на информацијата, бидејќи, според него, тој прејудицирал заклучок и имал навредливи формулации за угледот на институциите на државата.
Тоа го тврди Вељановски, кој досега многупати го погази Собранието, а ќе издвојам два примера:
Трако Вељановски е лицето што исполнувајќи ги наредбите на својот партиски шеф Груевски, нареди со полиција да се избркаат пратениците и новинарите, и со тоа го прекрши Уставот, Деловникот и Законот за Собрание, директно и лично предизвикувајќи огромна штета за правниот систем и за угледот на Република Македонија.
И повторно Трајко Вељановски го прекрши угледот и правниот систем на државата, кога преку РСС, во кој Собранието на чело со него избира дел од членовите, го избра неговиот кум за претседател на Врховниот суд или, пак, неговата братучедка за судија во Вишиот управен суд.
Понатаму пратеникот од СДСМ додаде:
– Во ситуација кога власта секојдневно го тероризира медиумскиот простор, затвора и казнува новинари и забранува протест на новинари, сега власта се обидува дури и да спречи дебата во Собранието. Тоа нема да го дозволиме. Токму затоа што Вељановски, повторно по налог на Груевски, ја спречува собраниската дебата за нашата информација, денес поднесуваме барање за посебна и детална надзорна расправа за нарушување на пресумпцијата на невиноста, злоупотребата на притворот, загрозувањето на слободата на изразување и медиумската слобода. Образложението за одлуката за разрешување на Трајко Вељановски е јасно. Тој упорно го прекршува Уставот, законите и Деловникот, и свесно и директно работи на штета на угледот на институциите и правната држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)