| четврток, 6 декември 2018 |

Двојно убиство и самоубиство во Марибор

maribor

Убиецот од Марибор се самоуби. Полицијата излезе со ново соопштение дека лицето по кое се трагаше извршило самоубиство. Иако првично полицијата сметаше дека убиецот е во бегство, се испостави дека еден од починатите е убиецот. Пукањето се случило во зграда во која се наоѓа фирмата „Фосор“ (Fossor), која се занимава со градежништво. Како што јавува словенечки „Журнал 24“, пукал надзорникот М.Ф., кој една година бил на боледување. Влегол во просториите и пукал. Ги убил директорот и неговиот син, а потоа се самоубил. Секретарката успеала да се спаси.

Фирмата цела година имала блокирана сметка, а минатата година ја завршила со загуба од 200.000 евра. Медиумите пишуваат дека сопственикот бил чесен човек, а поради неможноста да му исплати плата на другиот надзорник, му го дал својот автомобил.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top