| четврток, 6 декември 2018 |

САД и Русија се’ уште со различен став за Сирија

nuland
САД и Русија се уште имаат несогласувања во врска со развојот на ситуацијата во Сирија. Ова го изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Викторија Нуланд.

-Ние организираме средби во таканаречениот формат на трите „Б “- со учество на првиот заменик државен секретар на САД Вилијам Барнс, рускиот заменик-министер за надворешни работи Михаил Богданов и специјалниот претставник на ОН и Арапската лига Лахдар Брахими, за да се отстранат суштинските разлики. Но, и покрај сите наши напори, ние во одреден степен гледаме поинаку на тоа што треба да се случи при предавањето на политичката власт- посочи Нуланд.

Според нејзините зборови ова се однесува најмногу до фактот дека САД “не ја гледаат можноста за учество на претседателот Башар Асад во овој политички процес”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top