Помошник-државниот секретар за европски прашања Викторија Нуланд си даде оставка на функцијата во Стејт департментот, по служба во три администрации – на Бил Клинтон, Џорџ Буш и на Барак Обама.
Нуланд досега успешно ги преживуваше смените во Белата куќа и работеше подеднакво успешно и за
републиканците и за демократите. Според агенцијата Ројтерс, која прва јави за веста, Нуланд дала оставка иако била на листата на функционери од кои новиот претседател Доналд Трамп побарал да останат, ако ништо повеќе, барем додека трае транзицијата.
Нуланд е дипломат од кариера и функцијата што ја имаше досега е највисоката што може да ја достигне еден дипломат во САД, надвор од политичките именувања. Нејзината оставка го пресретна именувањето на Рекс Тилерсон за државен секретар кој конечно доби поддршка од Сенатот и стапува на функцијата. Нуланд имаше дипломатска улога и во политичката криза во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.