Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд, в понеделник ќе ја посети Македонија. Според Амбасадата на САД во Скопје, за време на посетата, таа ќе оствари средби со претставници на Владата, функционери на политички партии и претставници на граѓанското општество.
На средбите, според соопштението, ќе се разговара за билатерални и регионални прашања, вклучувајќи ја и потребата за решавање на тековната политичка криза, поддршката за работата на Канцеларијата на специјалниот јавен обвинител, како и создавањето услови за веродостојни избори.
Посетата на Викторија Нуланд на Македонија е во рамки на нејзината турнеја низ неколку земји во регионот во која се вклучени и Косово, Албанија, Србија и Кипар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.