| четврток, 6 декември 2018 |

Ти­то про­тив Ста­лин за­ра­ди Ма­ке­до­ни­ја – из­бег­на­та нук­ле­ар­на вој­на (целиот текст)

Дек­ла­си­фи­ци­ра­ни­те до­ку­мен­ти на На­ци­о­нал­на­та без­бед­нос­на аген­ци­ја по­ка­жу­ва­ат де­ка Ма­ке­до­ни­ја и во 1945 го­ди­на би­ла ко­ска в гр­ло за го­ле­ми­те си­ли, па, пак, ре­ши­ле да си оста­не по­дел­ба­та од 1913 го­ди­на

stalin tito makedonija

Да­ли ние и на­ша­та Ма­ке­до­ни­ја сме про­кол­на­ти што жи­ве­е­ме ток­му на оваа ге­о­граф­ска ло­ка­ци­ја? Ед­но ва­ква пра­ша­ње би разг­не­ви­ло мно­гу­ми­на, би го на­рек­ле де­фе­ти­стич­ко раз­мис­лу­ва­ње од кое не­ма пол­за. Но, мо­ра да раз­мис­ли­ме за тоа – гле­дај­ќи ја исто­ри­ја­та, да ја сфа­ти­ме де­неш­ни­ца­та – да­ли и спо­рот за име­то, проб­лем кој де­нес го опре­де­лу­ва на­ше­то жи­ве­е­ње, е ток­му по­ра­ди ме­сто­то ка­де што жи­ве­е­ме под ова сон­це?

Ова мач­но пра­ша­ње ни се на­мет­на за ана­ли­за по пос­лед­ни­те дек­ла­си­фи­ци­ра­ни до­ку­мен­ти об­ја­ве­ни во август го­ди­на­ва од На­ци­о­нал­на­та без­бед­нос­на аген­ци­ја (аме­ри­кан­ска­та УДБ), по­точ­но од неј­зи­на­та прет­ход­нич­ка во пер­и­о­дот по Вто­ра­та свет­ска вој­на, Цен­трал­на раз­уз­на­вач­ка служ­ба (ЦСС). Под нас­лов „Из­бег­ну­вај­ќи го Ар­ма­ге­дон: тре­та­та свет­ска вој­на што ја из­бег­нав­ме во 1950 го­ди­на“, аме­ри­кан­ски­те раз­уз­на­ва­чи твр­дат де­ка су­ди­рот ме­ѓу Ти­то и Ста­лин, кој еска­ли­ра­ше со поз­на­то­то Ти­то­во „не“ во 1948 го­ди­на, на­ста­нал по­ра­ди под­др­шка­та што мар­ша­лот им ја дал на грч­ки­те ко­му­ни­сти, по­точ­но на егеј­ски­те Ма­ке­дон­ци во Гра­ѓан­ска­та вој­на во Гр­ци­ја! Со­се­ма по­и­на­кво об­јас­ну­ва­ње на тие на­ста­ни од она што ние го зна­е­ме. Она што за нас е нај­бит­но во оваа ана­ли­за е по­вто­ру­ва­ње­то на исто­ри­ја­та. По­втор­но Ма­ке­до­ни­ја е жр­тва во ко­рист на европ­ски­от мир.

Ти­то за Ма­ке­дон­ци­те или за но­ва бал­кан­ска им­пе­ри­ја?

Што е на­пи­ша­но во до­ку­мен­тот на НСА? Тој е на­пи­шан на 11 стра­ни­ци и се ве­ли де­ка на­ста­ни­те око­лу Гра­ѓан­ска­та вој­на во Гр­ци­ја го до­ве­ле све­тот на ра­бот на нук­ле­ар­на вој­на. Име­но, Ти­то, по из­би­ва­ње­то на Гра­ѓан­ска­та вој­на во Гр­ци­ја ме­ѓу мо­нар­хи­сти­те на Ге­ор­ги­ос Па­пан­дреу (та­тко на Ан­дре­ас Па­пан­дреу, грч­ки­от пре­ми­ер во 90-ти­те го­ди­ни на 20 век ко­га експ­ло­ди­ра на­ци­о­нал-шо­ви­низ­мот кон Ма­ке­до­ни­ја и во­ве­де комп­лет­но ем­бар­го на јуж­на­та гра­ни­ца, и де­до на Јор­гос Па­пан­дреу дов­че­раш­ни­от грч­ки пре­ми­ер кој се сре­ќа­ва­ше со Гру­ев­ски) под­др­жа­ни од САД и Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја и грч­ки­те ко­му­ни­сти, ја отво­рил т.н. грч­ка ли­ни­ја. Со дру­ги збо­ро­ви, Ти­то од сре­ди­на­та на 1947 го­ди­на ги по­ма­гал пар­ти­за­ни­те во Гр­ци­ја со хра­на и со оруж­је, а ис­пра­тил и 10.000 ју­гос­ло­вен­ски до­бро­вол­ци (ус­лов­но ка­жа­но, во до­ку­мен­тот на НСА има сом­неж де­ка ста­ну­ва збор за ју­гос­ло­вен­ски вој­ни­ци).

dete grcija 1949

Да­ли Ти­то со тоа са­кал да им по­мог­не на егеј­ски­те Ма­ке­дон­ци да се обе­ди­нат со Вар­дар­ска Ма­ке­до­ни­ја, то­гаш­на На­род­на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја? На та­кви­те зак­лу­чо­ци на аме­ри­кан­ски­те раз­уз­на­ва­чи се спро­тив­ста­ву­ва фа­ктот што на кра­јот од Вто­ра­та свет­ска вој­на Ти­то на­ре­дил ма­ке­дон­ски­те пар­ти­за­ни да трг­нат на Срем­ски­от фронт на­ме­сто на Со­лун­ски­от, ка­ко што са­ка­ле тие. Не­кои од нив беа ду­ри стре­ла­ни во Скоп­је би­деј­ќи од­би­ва­ле да ја из­вр­шат на­ред­ба­та, на дру­ги им би­ло зе­ме­но оруж­је­то до­де­ка спи­е­ле по скоп­ски­те ка­сар­ни. Мар­ша­лот пре­ку „грч­ка­та ли­ни­ја“ са­кал да им ком­пен­зи­ра на Ма­ке­дон­ци­те? Или, пак, бил со на­ме­ра од Ју­гос­ла­ви­ја да соз­да­де но­ва бал­кан­ска им­пе­ри­ја. Оваа прет­по­ста­вка се на­мет­ну­ва од фа­ктот де­ка ако во Гра­ѓан­ска­та вој­на во Гр­ци­ја по­бе­де­ле ко­му­ни­сти­те, тоа не би зна­че­ло са­мо обе­ди­ну­ва­ње на две од три­те Ма­ке­до­нии, ту­ку кон­тро­ла врз це­ла Гр­ци­ја. Тоа зна­чи кон­тро­ла и на нај­важ­на­та бал­кан­ска ру­та од Гр­ци­ја до Сло­ве­ни­ја, кон­тро­ла на Егеј­ско Мо­ре и стра­те­ги­ско вли­ја­ние врз мош­не зна­чај­но­то Сре­до­зем­но Мо­ре. По­зи­ци­ја­та на Ју­гос­ла­ви­ја во овој слу­чај би би­ла иск­лу­чи­тел­но сил­на, таа би ста­на­ла ре­ги­о­нал­на си­ла, па и ед­на од нај­сил­ни­те др­жа­ви во Евро­па!

Мо­же­би ни­ко­гаш не­ма да доз­на­е­ме кои би­ле ви­стин­ски­те на­ме­ри на мар­ша­лот, но, ка­ко и да е, Ста­лин бил мно­гу гне­вен по­ра­ди тоа. Спо­ред до­ку­мен­ти­те на НСА, тој му на­пи­шал пис­мо на Ти­то да се раз­бу­ди од „ре­во­лу­ци­о­нер­ни­от за­нес“ (та­ка го опи­шал од­не­су­ва­ње­то на Ти­то) и да ја пре­ки­не „грч­ка­та ли­ни­ја“ би­деј­ќи тоа не би­ло во сог­лас­ност со до­го­во­ри­те од Јал­та и од Потс­дам, но и по­ра­ди тоа што ќе се со­о­чел со САД -нај­моќ­на­та др­жа­ва во све­тот.

Ме­ѓу­тоа, Ти­то го иг­но­ри­рал Ста­лин. По­ра­ди тоа, со­вет­ски­от ди­кта­тор бил бе­сен до не­бо, па ду­ри поч­нал, ка­ко што се на­ве­ду­ва во до­ку­мен­тот, под­го­то­вки за на­пад на Ју­гос­ла­ви­ја. На­па­дот тре­ба­ло да би­де из­вр­шен со исто­вре­мен упад на ро­ман­ска­та, ун­гар­ска­та и бу­гар­ска­та ар­ми­ја (зем­ји кои по­доц­на ќе ста­нат член­ки на Вар­шав­ски­от до­го­вор). Ова не­из­беж­но ќе во­де­ло до ин­тер­вен­ци­ја на САД, кои на Ти­то ве­ќе му ве­ти­ле еко­ном­ска по­мош – со дру­ги збо­ро­ви све­тот бил бли­ску до нук­ле­ар­на вој­на слич­но ка­ко за вре­ме на ку­бан­ска­та кри­за. По су­ди­рот на Ти­то со Ста­лин, САД ве­ќе ја гле­да­ле Ју­гос­ла­ви­ја ка­ко ид­на член­ка на НА­ТО, за­ед­но со Гр­ци­ја, Тур­ци­ја и со Шпа­ни­ја.

Де­ка Ста­лин, на­ви­сти­на, мис­лел да ја на­пад­не Ју­гос­ла­ви­ја по­твр­ду­ва и не­го­ви­от нас­лед­ник на тро­нот, Ѓор­ѓи­ја Ма­лен­ков (за не­го­во­то де­ло оп­шир­но пи­шу­вав­ме во бро­јот од 22 март го­ди­на­ва). Кол­ку за по­тсе­ту­ва­ње, Ма­лен­ков, кој во еден дел од сво­јот ман­дат ка­ко со­вет­ски пре­ми­ер вла­де­ел за­ед­но со Ни­ки­та Хруш­чов, при ед­на сред­ба со Ти­то во Ју­гос­ла­ви­ја го пре­ду­пре­дил де­ка Хруш­чов пла­ни­ра да ја спро­ве­де иде­ја­та на Ста­лин, т.е. да ја на­пад­не Ју­гос­ла­ви­ја. Ма­лен­ков ефе­ктив­но ја спа­сил Ју­гос­ла­ви­ја би­деј­ќи Ти­то вед­наш по­ба­рал по­мош од САД. Во 1953 го­ди­на, со аме­ри­кан­ско спон­зорс­тво, е склу­чен Бал­кан­ски­от пакт ме­ѓу Ју­гос­ла­ви­ја, Гр­ци­ја и Тур­ци­ја.

 

Епи­лог на су­ди­рот

 

Во се­кој слу­чај, Ма­ке­до­ни­ја оста­ну­ва по­де­ле­на на исти­те гра­ни­ци од 1913 го­ди­на. Ста­лин го иск­лу­чил Ти­то од друш­тво­то на ко­му­ни­стич­ки­те др­жа­ви со поз­на­та­та Ре­зо­лу­ци­ја на Ин­форм­би­ро и го прог­ла­сил за аме­ри­кан­ски шпи­он. Во­ед­но, поч­нал хај­ка про­тив си­те сим­па­ти­зе­ри на Ти­то во ко­му­ни­стич­ки­те др­жа­ви. Ти­то, од дру­га стра­на, ја пре­ки­нал „грч­ка­та ли­ни­ја“ во 1948 го­ди­на оста­вај­ќи ги Ма­ке­дон­ци­те и грч­ки­те пар­ти­за­ни на це­ди­ло. Мар­ша­лот, исто ка­ко Ста­лин, поч­нал чис­тка на сим­па­ти­зе­ри­те на Ста­лин во Ју­гос­ла­ви­ја за што го фор­ми­рал злог­лас­ни­от Го­ли Оток.

 

Во Гр­ци­ја про­дол­жи­ла вој­на­та сѐ до 1949 го­ди­на. Таа го­ди­на Де­мо­крат­ска­та ар­ми­ја на Гр­ци­ја ги има­ла под сво­ја кон­тро­ла са­мо пла­нин­ски­те ре­о­ни во за­пад­ни­те и во ју­го­за­пад­ни­те де­ло­ви во Егеј­ска Ма­ке­до­ни­ја. На­о­ѓај­ќи се во те­шка по­лож­ба, под вли­ја­ние на Ни­кос За­ха­ра­и­ја­дис, Ко­му­ни­стич­ка­та пар­ти­ја на Гр­ци­ја се оби­де­ла под па­ро­ла­та „Обе­ди­не­та Ма­ке­до­ни­ја“ да при­до­бие што по­го­лем број Ма­ке­дон­ци во ре­до­ви­те на ДАГ. Ме­ѓу­тоа, ле­ви­чар­ско­то дви­же­ње се на­о­ѓа­ло пред ка­та­стро­фа­лен по­раз. Кон кра­јот на Гра­ѓан­ска­та вој­на до­а­ѓа до би­тки­те кај Ви­чо и Гра­мос, во кои би­ла по­ра­зе­на ДАГ, а ле­ви­чар­ски­те ра­ко­во­ди­те­ли и оста­то­ци­те од неј­зи­ни­те си­ли би­ле при­ну­де­ни да се пов­ле­чат на те­ри­то­ри­ја­та на Ал­ба­ни­ја, со што за­вр­ши­ла Грч­ка­та гра­ѓан­ска вој­на.

 

Во те­кот на оваа вој­на за­ги­на­ле 51.000 чле­но­ви на ДАГ, од нив 21.000 би­ле Ма­ке­дон­ци. Во пер­и­о­дот ме­ѓу 1945 и 1949 го­ди­на грч­ки­те вла­ди­ни си­ли стре­ла­ле око­лу 6.000 Ма­ке­дон­ци и Гр­ци, а око­лу 40.000 грч­ки гра­ѓа­ни, ме­ѓу кои и го­лем број Ма­ке­дон­ци, би­ле ин­тер­ни­ра­ни на грч­ки­те остро­ви. Око­лу 90.000 Ма­ке­дон­ци и Гр­ци би­ле при­ну­де­ни да еми­гри­ра­ат по­ра­ди вла­ди­на­та ре­пре­сив­на по­ли­ти­ка. Око­лу 50.000 Ма­ке­дон­ци еми­гри­ра­ле во Ју­гос­ла­ви­ја, а око­лу 20.000 Ма­ке­дон­ци се на­се­ли­ле во Со­вет­ски­от Со­јуз и источ­но­е­вроп­ски­те ко­му­ни­стич­ки др­жа­ви.

 

1913, 1919, 1945, 1949, 1990 го­ди­на… што мо­же да на­у­чи­ме?

 

Се­га да се вра­ти­ме на Ма­ке­до­ни­ја и на мрач­но­то пра­ша­ње од по­че­то­кот на оваа ана­ли­за – да­ли по­стои ма­ке­дон­ско­то прок­лет­ство. Да­ли жи­ве­е­ме на ме­сто кое ни га­ран­ти­ра по­сто­ја­на ми­зе­ри­ја, бло­ка­ди и вој­ни?

 

Ми­на­то­то не мо­же да се сме­ни, но од не­го мо­же да се на­у­чи. Ако во 1913 го­ди­на го­ле­ми­те европ­ски си­ли не мо­жеа да се до­го­во­рат чи­ја ќе би­де Ма­ке­до­ни­ја, па на нив­ни­те прин­цо­ви, по­ста­ве­ни ка­ко мо­нар­си на бал­кан­ски­те зем­ји, им на­ре­ди­ја да ја де­лат, ако исто­то се слу­чи за вре­ме на Вер­сај­ска­та ми­ров­на кон­фе­рен­ци­ја во 1919 го­ди­на, се­га гле­да­ме де­ка иста­та си­ту­а­ци­ја се слу­чи­ла и во 1945 го­ди­на – и по­крај си­те бор­би и жр­тви на ма­ке­дон­ски­те ро­до­љуп­ци. На­ши­те пред­ци же­сто­ко се бо­ре­ле за сло­бо­да­та на Ма­ке­до­ни­ја, на це­ла­та Ма­ке­до­ни­ја, но мо­же­би ни­кој не мо­же да би­де тол­ку си­лен да се бо­ри про­тив це­ли­от свет.

 

Овој исто­ри­ски пре­сек мо­же да ни да­де со­лид­на прет­по­ста­вка и за спо­рот за име­то. Ако бор­ба­та на го­ле­ми­те око­лу Ма­ке­до­ни­ја се­ко­гаш би­ла тол­ку бру­тал­на, ре­ал­но мо­же да зак­лу­чи­ме де­ка зад та­ка­на­ре­че­ни­от спор за име­то по­втор­но стои одре­ден су­дир на го­ле­ми­те си­ли. По­втор­но Ма­ке­до­ни­ја е ста­ве­на во си­ту­а­ци­ја да стра­да (на­ша­та ге­не­ра­ци­ја стра­да нај­мал­ку во од­нос на прет­ход­ни­те) сѐ до­де­ка не се до­не­се ко­неч­но ре­ше­ние, по­точ­но до­де­ка го­ле­ми­те не се до­го­во­рат.

 

Но, што пра­ви­ме со фа­ктот што тие до­го­во­ри, без иск­лу­чок, до­се­га беа на ште­та на Ма­ке­до­ни­ја? Мо­же­ме ли да на­у­чи­ме не­што од ми­на­то­то, да на­пра­ви­ме но­ва стра­те­ги­ја? Ка­ква и да е таа, мо­ра да би­де ори­ги­нал­на, единс­тве­на за проб­лем кој го не­ма ни­кој друг во све­тот. Исто­ри­ја­та нѐ учи уште ед­на ра­бо­та.

 

Таа стра­те­ги­ја ни­кој не­ма да ја на­пра­ви за нас.

 

Тоа е иск­лу­чи­тел­но ма­ке­дон­ска бор­ба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top