| четврток, 6 декември 2018 |

Со 0,1 посто раст, Шпанија излегува од рецесија

Spain_Economy_grow_in_4th_quarterИако економијата и натаму е слаба, а невработеноста сѐ уште меѓу највисоките во Европа, Шпанија официјало е на пат кон заздравување од двегодишната рецесија. Во третиот квартал на оваа година нејзиниот БДП пораснал за 0,1 отсто во однос на претходниот квартал и падот од девет последователни квартали.

Економијата на земјата била потпомогната од повисокиот извоз во изминатото тримесечје, потенцираат од шпанската банка. Беренберг банка предвидува дека шпанската економија во 2014 година ќе расте за 1,4 отсто, затоа што земјата има направено структурални реформи, го намалила јавниот долг, го подобрила амбиентот за бизнис и е на пат да ја намали невработеноста.

Во насока на закрепнување е и интересот на инвеститорите за шпанските обврзници. И сопственикот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, го поттикна оптимизмот откако купи 6 отсто удел во шпанската градежна групација FCC, која ќе гради три линии од метрото во Ријад, ќе го обновува историскиот мост „Џералд Дезмонд“ во Лос Анџелес и ќ го гради метрото во Панама.

Шпанија е една од земјите најтешко погодени од кризата. Невработеноста во земјата е над 26 проценти и е една од највисоките во Европа. Мерките на Владата за штедење, насочени кон намалување на големиот дефицит на Шпанија, провоцираа големи протести низ целата земја минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top