| четврток, 6 декември 2018 |

Финалето во НБА се враќа во стариот формат 2-2-1-1-1

Уште летото беше најавено дека ќе се менува сегашниот формат на одигрување на финалните натпревари од 2-3-2 во 2-2-1-1-1 бидејќи со сегашниов формат предност се даваше на тимот кој бил послабо пласиран во плејофот со дури 3 последователни натпревари на домашен терен.

Последната средба на комесарот Дејвид Штерн со сопствениците на НБА-екипите ја донесе и дефинитивната одлука за промена на сегашниот формат на финалето и враќање на оној формат со кој тоа се играше пред речиси 30 години.

Штерн, кој по три децении на оваа функција заминува во пензија, е токму главниот „виновник“ за промената на форматот од 2-2-1-1-1 во 2-3-2, нешто што беше една од неговите први одлуки кога дојде на сегашната позиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top