Серена Вилијамс сигурно чекори кон одбрана на трофејот на шампионатот на ВТА во Истанбул. Таа вчера ја забележи и втората победа, вкупно 12. во серија, но сѐ уште е далеку од рекордот на Мартина Навратилова, која има 21 триумф во низа на завршниот турнир во сезоната.
Вилијамс лесно ја надигра Агњешка Радванска со 6-2,6-4 и со две победи ита кон полуфиналето. Полската тенисерка повторно немаше рецепт како да ѝ се спротивстави на најдоминантната тенисерка на денешницата и по осми пат во последните 8 дуели загуби од Серена.
На Американката, сепак, нема да ѝ биде доволно и да го освои ова издание на турнирот, за да го урне рекордот по број на победи во серија на Мартин Навратилова. Легендарната тенисерка има 21 победа во серија на шампионатите на ВТА.
Негативен рекорд од 17 порази во низа против тенисерки од топ 5 на листата на ВТА урна Јелена Јанковиќ, со блескав триумф против втората носителка во Истанбул, Викторија Азаренка. Јанковиќ славеше со 6-4, 6-3. Втора победа на турнирот со награден фонд од 6 милиони долари забележи кинеската претставничка Ли На. Таа беше подобра од Сара Ерани со 6-3, 7-6.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


