| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ најдобар скокач кај Атланта во поразот во Далас

pero antic protiv dalas

Атланта го доживеа и шестиот пораз во подготвителниот период пред почетокот на сезоната, а Перо Антиќ помина најмногу време на паркетот во мечот против Далас што се одигра ноќеска.

Јастребите загубија со 98-88, но во последната проба пред официјалниот старт Атланта играше со втората постава. Перо Антиќ одигра 29 минути, постигна 2 поени, но имаше и 8 скока, со што беше најдобар скокач во тимот, а направи и 3 асистенции.

pero antic protiv dalas1

Најдобри во тимот на Антиќ беа Шродер со 21 поен и Скот со 19 поени.

Во седумте одиграни натпревари од претсезоната Атланта успеа да победи на само еден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top