Контроверзна беше одлуката на германскиот судија Мануел Графе да досуди пенал за Реал Мадрид против Јувентус во 29 минута при резултат 1-1. Во дуел беа Џорџо Кјелини и Серхио Рамос, а прв до топката стаса голманот на Јувентус Џиџи Буфон. И кога се чинеше дека акцијата ќе продолжи со дегажман на Буфон, судијата покажа на белата точка. Пеналот сигирно го реализира Кристијано Роналдо за водство на Реал Мадрид од 2-1.
Од таборот на Јувентус сметаат дека се оштетени, а Графе донесе уште една контроверзна одлука во 48 минута кога го исклучи Кјелини. Одбранбениот играч на Јувентус направи фаул над Роналдо, што не беше преостар, а Графе му покажа директен црвен картон. Симпатизерите на „старата дама“ сметаат дека Јувентус е драстично оштетен, а пресудете сами од видео-снимките дали Графе беше во право.
Стартот за црвен картон на Кјелини над Роналдо
Пеналот за Реал Мадрид по дуелот меѓу Кјелини и Рамос
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


