| четврток, 6 декември 2018 |

Џони Деп има руса коса,фановите разочарани

Холивудската ѕвезда Џони Деп на церемонија во Лондон ја изненади јавноста со својата нова фризура.

Имено, познатиот актер Деп на церемонијата му ја врачи наградата за животно дело на Кристофер Ли кои инаку се долгогодишни пријатели.

– Секоја соработка со Кристофер, кралот на хоророт, беше остварување на мојот сон од детството – изјавил Деп пред новинарите.

Џони Деп неочекувано се појави на церемонијата на доделувањето на наградите  и одржа краток говор во чест на неговиот пријател.

– Колку и да е неверојатно да се работи во негова близина, чувството да се биде негов пријател не може да се каже со зборови – додава Деп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top