| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца премиери го отворија новиот терминал на аеродромот во Приштина

Денеска во приштина беше пуштен е во употреба нови терминал на аеродромот „Адем Јашари“. На свеченоста присуствуваа тројца  премиери, Хашим Тачина Косово, Реџеп Тајип Ердоган на Турција и премиерот на Албанија, Еди Рама.

Новиот терминал има површина од 42 илјади метри квадратни и чини 140 милиони долари, со капацитетот на аеродромот од пет милиони патници.

Новиот тетминал до прави турско-францусаката компанија „Limak Aeroport de Lyon”, која е концесионер на аеродромот за 20 години. Иако договорот за концесија предвидуваше терминал со површина од 27 илјади метри квадратни, инвеститорот го прошири на 42 илјади метри квадратни.

Турскиот премиер во посета на Косово доаѓа со сопругата која има посебна агенда,.Во своето обраќање на отворањето на терминалот тој истакна дека во Косово се чувствувам како дома.

„Секогаш кога доаѓам тука гледам постојан напредок. Турција беше меѓу првите држави кои ја признаа незвисноста на Косово. Ќе продолжиме да го помагаме Косово“, порача Ердоган.

Тројцата премиери по пуштањето на новиот терминал заминаа во посета на Призрен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top