| четврток, 6 декември 2018 |

Реакција од Музејот: Не го сквернавете овој голем празник

extract_from_7338_7662_muzej__makedonija24_1615

 

Не може никого да уверите дека организирањето на овој настан токму денеска и токму тука немаше дневно-политичка позадина, регира управата на Музејот на македонската борба за државност и самостојност, на обидот за организирање протест пред Музејот против пресудата за новинарот Томислав Кежаровски.

„Ве молиме вашите протести да не ги одржувате пред музејските институции, како што тоа денеска го направивте пред Музејот на македонската борба. Не нè користете за дневно-политички цели, држете ги вашите собири пред партиите и другите соодветни институции. Го разбираме правото на слободен протест и слободна мисла секаде и секогаш, но не може никого да уверите дека организирањето на овој настан токму денеска и токму тука немаше дневно-политичка позадина. Денес е голем ден за Република Македнија, ја одбележуваме нејзината долгогодишна борба за државност и самостојност. Не го сквернавете овој голем празник и дозволете музеолошката дејност да функционира онака како што треба”, реагираат од Музејот на македонската борба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top