| четврток, 6 декември 2018 |

Печурки никнаа на „Маракана“, ЦСКА со трактор се подготвува за ЛШ, Портсмут го нападна торнадо (видео+фото)

Интересни моменти се случуваат деновиве на различни стадиони во Европа, а најлошо е во Белград, Москва и Портсмут. На легендарната „Маракана“ во главниот град на Србија, стадион каде игра Црвена Звезда никнаа печурки, а медиумите стасаа и да се пошегуваат со интересни наслови.

„Тревата што раѓаше шампиони, сега е украсена со шампињони“, е еден од најшеговитите наслови во медиумите од нашето соседство.

pecurki

 

И во Русија е интересно, а проблеми има на „Химки арена“ која ќе биде домаќин на вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу домашниот тим ЦСКА и англискиот Премиерлигаш Манчестер сити. Домаќините на авагарден начин со трактор и распрскувач за боја го фарбаат теренот. Тоа наиде на критики од страна на гостите од Англија.

„Лигата на шампионите е најсилното и најквалитетно клупско натпреварување на светот и натпреварите сигурно не смеат да се играат во вакви услови. Ако падне дожд во текот на мечот, ќе биде невозможно да се игра фудбал“, изјави Мануел Пелегрини, менаџерот на Сити. Домаќините имаат време да го средат теренот до вечерва, а терминот за почеток е 18,00 часот.

cska

 

Најдраматично беше синоќа во Портсмут, а дуелот меѓу домашниот тим и Викомб беше прекинат поради невреме. Олуја го нападна познатото англиско пристаниште, а видео снимката покажува дека услови за продолжување на натпреварот немаше.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top