Со 89-107 „јастребите“ на Атланта го претрпеа петтиот пораз во пријателските натпревари пред почетокот на сезоната на НБА, овој пат од Индијана Пејсерс.
Но, нашиот Перо Антиќ повторно покажа одлична игра. На паркетот мина нешто повеќе од 22 минути реализирајќи 7 поени, од кои и една тројка. Антиќ имаше три скока и исто толку асистенции, но најатрактивни беа неговите две „банани“, блоќирајќи ги ударите на поранешниот светски шампион со Аргентина, Луис Скола.
Ова е најдобар поентерски ефект на Антиќ досега во претсезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


