| четврток, 6 декември 2018 |

Пилот се онесвестил за време на лет

Пилот се онесвестил за време на лет, поради што авионот морал принудно да слета. Се работи за авион на американската авикокомпанија „Аљаска Ерлајнс“ . Компанијата морала да го пренасочи летот и авионот итно да слета на меѓународниот аеродром во Портланд, во Орегон.

Леталото „Боинг 737-700“, на летот од Лос Анџелес на аеродромот Такома во Сиетл, со 116 патници и членови на екипажот, бил над Орегон, кога 28-годишниот капетан ненадејно се онесвестил.Лекар, кој бил слуаен патник во авионот му укажал лекарска помош на младиот пилот, а по слетувањето тој бил пренесен во болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top