– Секогаш постои решение за проблемите. Доколку се сериозни ќе направат компромис, со нормален разговор ќе се договориме. Досега тие избегнуваа секаков разговор. Но сега или ќе биде така, или ќе ме пуштат да си одам. Трето не постои. Мораме да најдеме заеднички јазик и да продолжиме како што треба. Во спротивно нема смисла да останувам. Јас вака не можам да функционирам. Сите се прават луди и никој не сака да го реши проблемот. Не ми оставаат друга можност. Ако оној отспротива не сака да зборува, јас не можам на сила да го натерам – изјавил голманот на Металург Дарко Станиќ за српски „Вечерње новости“ пред Клубот да ја донесе одлуката за негова суспенција.
Дарко Станиќ побарал да се најде заеднички јазик со челниците на Металург, но Дисциплинската комисија Металург донесе одлука да го суспензира до изрекувањето казна. Одлуката за суспензија беше објавена на сајтот на „Металург“, по што набрзо интернет страницата се блокираше. На социјалните мрежи се разви дебата – дали одлуката за суспензија на Станиќ е правилна и дали тоа нема да наштети на Клубот во натамошните настапи во Лигата на шампоини и регионалната Сеха лига.
За српскиот медиум голманот вели:
-Се обидувам да ги решам проблемите на фин начин. Но изгледа сите спијат на она – Па добро, Станиќ брани и кога е задоволен и кога не е, добро ни е. Пред натпреварот реков дека не се чувствувам добро, дека не сум сконцентриран, мотивиран, дека не можам да ги поднесам сите проблеми во Клубот. Не сакам секој месец некого да влечам за ракав за што и да ми треба. Многу направив за Металург. Ако сакаат резултати можат најосновните работи да ги испочитуваат. Сакаат да бидам професионалец. Во ред, но не можат тие да бидат на аматерско ниво. Им кажав дека не можам да бидам брилјантен. Почнав, бранев лошо десет минути, ме заменија. Сите се научени – Дарко – дај, дај, само дај. Публиката, тренерот и Клубот. Сите. Како да сум машина. Дојде момент кога повеќе не можам, од разни причини. Не планирав тоа да се случи, но кога веќе се случи, го искористив моментот да се види дека нешто не е во ред. Останатите не сакаат да зборуваат затоа што се плашат или се зависни од Клубот. Јас не сум зависен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.