| четврток, 6 декември 2018 |

Фергусон во автобиографијата: Видиќ сакаше да војува на Косово

Сер Алекс Фергусон мина цели 27 години на кормилото на Манчестер јунајтед, а поголемиот дел од незаборавната авантура со „црвените ѓаволи“ е опишана во неговата автобиографија што е тазе излезена од печат. Меѓу најсочните детали е епизодата со српскиот интернационалец Немања Видиќ, кој се подготвувал да го напушти Манчестер јунајтед за да оди со српската војска да војува на Косово.

„Видиќ беше строг, мрачен и бескомпромисен тип. Ми пријде во 2009 година и ми соопшти дека е можно да го повикаат во војската на Србија. Кога загрижен го прашав како е можно тоа и што ќе прави ми одговори: Одам да го бранам Косово. Тоа е моја должност. Го имаше тој неверојатно студен поглед“, пишува во автобиографијата на Фергусон. Во 2009 година војна на Косово немаше, таа се случи една деценија претходно, но и тогаш беше критично поради признавањето на Косово од страна на неколку држави.

Во книгата на Сер Ферги има уште многу интересни моменти што се однесуваат на останатите големи фудбалски ѕвезди од калибарот на Дејвид Бекам, Вејн Руни, Рој Кин, Ерик Кантона, Рајан Гигс, Пол Сколс….

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top