| четврток, 6 декември 2018 |

Никој го нема тоа што Барса го има

galijani

Потпретседателот на Милан, Адријано Галијани, со пофални зборови за тандемот на Барса пред натправарот од Лигата на шампионите што се игра вечерва во Милано.

– Никој друг нема пар каков што се Меси и Нејмар. Тие се најдобриот напаѓачки тандем во светот – изјави Галијани.

Во последниот дуел на „Сан Сиро“ Милан ја победи Барселона со 2-0.

– Играме против нив четврти пат во последните 24 месеци. Судбината така сакаше и од тоа не се бега. Најдобриот тим на светот ќе игра против еден од најдобрите во историјата. Повторна победа од 2-0 е секако сон на секого – додаде Галијани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top