| четврток, 6 декември 2018 |

Мехмети „распали“ на „Фејсбук“: Чиј е срамот?

Пратеничката на ДУИ Ермира Мехмети, остро ги нападна своите политички ривали на „Фејсбук“. Таа на својот профил напиша дека ратификацијата на спогодбата меѓу Македонија и Косово за отварање на граничниот премин Станчиќ-Белановце е еден голем чекор кон меѓуалбанска интеграција, пренесува „Република“ на албански јазик.

Според неа, некој од инает ја расипа атмосферата во Собранието кога се отвори ова прашање, пишувајќи ги само инициалите О.И. (Орхан Ибрахими пратеник на ДПА).

– Чиј е срамот и резилот? Денес во собрание уште еднаш се потврди дека пратеник како О.И. (Орхан Ибрахими) намерно ги саботира стратешките проекти на албанските интеграции – пишува Мехмети на својот профил.

Според неа, албанските пратеници наместо заедно да прославуваат за отварањето на граничниот премин Станчиќ-Белановце, О.И. од инает се обидел да ја расипе атмосферата во пленарната седница, предизвикувајќи тензии меѓу пратениците, сѐ со цел да предизвика меѓуалбански инцидент.

– Денес уште еднаш паднаа маските. Заедно кон целта – напиша Мехмети на својот профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top