| четврток, 6 декември 2018 |

Сунѓерот Боб непожелен на гробишта

Кимберли Вокер,била наредник во војска, преживеала две служби во Ирак за да дома ја убие дечкото. Таа го обожувала Сунѓерот Боб па затоа нејзината фамилија и направила споменик со неговиот лик, додека пак управата на гробиштата смета дека споменикот не е соодветен.

-Малку е да се каже дека го сакаше Сунѓерот Боб. Таа толку го обожуваше што секоја година правеше забави на таа тема. Се што имаше, беше во облик на Сунѓерот Боб. И нејзините завеси во купатилото беа со неговиот лик- вели сестрата на Кимберли.

Нејзиното семејство потрошило 26 илјади долари на два масивни споменика кои се наоѓаат на нејзиниот гроб. Спомениците се високи 180 сантиметри и тежат по 4 илјади килограми.

Од управата на гробиштата сепак велат дека спомениците не се совпаѓаат со изгледот.

-Само сакавме да и ја исполниме нејзината желба, навистина ни е скршено срцето-велат од семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top