Српските мелничари денеска побарале од нивниот министер за трговија Расим Љајиќ да забрани за увоз на македонски производи, јавива белградски Блиц.
Тие бараат од владата на Србија веднаш да донесе соодветни мерки за забрана за увоз на македонските аграрни производи, со цел заштита на домашните извозници, се наведува во соопштението на „Житовојводина“.
Ова бизнис-здружение потсетува дека Министерството за земјоделство на Македонија уште на почетокот на јули доби писмен допис од српското Министерство за трговија, во кое се апелираше да бидат преземени соодветни мерки за да се отстрани проблемот со извоз на брашно од Србија во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.